SportM
Фудбал

Де Брујн остро ја критикуваше Лигата на нации

Д М31 мај 2022
Де Брујн остро ја критикуваше Лигата на нации

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити и белгискиот играч за врска, Кевин Де Бруjн изјави дека Лигата на нации е небитна за него, објавија британските медиуми.

Де Брујн изјави дека не му се допаѓа тоа што по долга и напорна сезона мора да игра во Лигата на нации. Белгиецот како и другите репрезентации во јуни ќе треба да одигра четири натпревари за десет дена.

 

„Лигата на нациите е ирелевантна. Мора да ги играме тие натпревари, а чувството е како да играме пријателски натпревари, всушност серија преценети пријателски натпревари по долга и напорна сезона во Лигата. Не се радувам на тоа “, изјави Де Брујн и додаде: „ За 12 месеци имаме три недели одмор. Луѓето однадвор не разбираат како се чувствува играчот по сезоната. Но, не вреди да се спомене бидејќи и онака ништо нема да се промени.”

 

Де Брујн оваа сезона одигра 45 натпревари за Манчестер Сити и четири за белгиската репрезентација.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.