Де Бур: Имавме неколку одлични моменти, но и некои лоши

Македонија неславно го заврши настапот на Европското првенство, „Рисовите“ беа поразени од „Лалињата“ со 3:0.
По убедливата победа на Холандија, селекророт Де Бур, кој беше предмет на критики, ја заврши групната фаза со три победи.
Де Бур на прес-конференцијата по натпреварот рече:
“Мислам дека имавме одлични моменти во текот на натпреварот, но и лоши. Во текот на првото полувреме бевме невешти. Оставивме отворен простор. Тоа е нешто за што зборувавме на полувреме, им реков дека мора да се концентрираат на одбраната и да се осигураат дека сè е во ред.“
„Знаев дека можат добро да соработуваат. Двајцата се динамични. Но, морам да кажам и дека Вегхорст беше одличен. Прво ќе ги анализираме ривалите, а потоа ќе зборуваме за тоа кои играчи треба да бидат на теренот“, одговори на прашањето за тандемот Депај-Мален.



