Де Јонг бара само едно, а тоа Манчестер Јунајтед не може да го исполни

Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона ова лето иако има желба да остане во каталонскиот клуб.
Познато е дека Барселона е во големи финансиски проблеми, поради што челниците на клубот летово беа принудени да продадат еден првотимец за да можат да доведат нови засилувања.
Шпанските медиуми веќе извесно време пишуваат дека изборот паднал на Де Јонг и дека Барселона се обидува да го продаде на Манчестер Јунајтед кој е подготвен да плати околу 80 милиони евра за Холанѓанецот.
Во Јунајтед се надеваа дека трансферот ќе биде олеснет со тоа што Ерик тен Хаг е новиот тренер на овој клуб, бидејќи Де Јонг со него соработуваше со многу успех во Ајакс.
Сепак, Де Јонг нема намера да оди во Јунајтед и неговата цел е да остане во Барселона, што јасно им го кажа на челниците на клубот.
Но, и Јунајтед одби бидејќи овој клуб не го исполнува веројатно најважниот услов, а тоа е Де Јонг да сака да оди во клуб кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а тоа не е случај со „црвените ѓаволи“.
Следната сезона ќе го гледаме Манчестер Јунајтед во Лига Европа, па Де Јонг не сака да потпише за овој клуб, најмногу поради тоа.
Исто така и ПСЖ покажа интерес за него и Де Јонг е многу позаинтересиран да замине во Париз отколку Манчестер.



