Connect with us

Фудбал

Де Јонг: Играв против Пјаниќ и знам зошто нашиот тим ќе биде уште посилен со него

Фудбалерите на Барселона пристигнаа денес во Лисабон, каде утре играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн.

Барселона успеа да го совлада Наполи (3:1) на домашен терен минатата сабота и напредуваше во четвртфиналето, каде сега се соочуваат со многу потешка работа и судир против вжештениот Баерн.

Пред овој натпревар зборуваше и холандскиот играч од средниот ред Френки де Јонг, од кого се очекува многу утре против Баерн.

“Одигравме добар натпревар против Наполи, но мора да бидеме уште подобри утре. Не смееме да се опуштиме како што направивме во саботата во второто полувреме. Од првата до последната минута мора да бидеме многу фокусирани”, изјави играчот од средниот ред на Барселона.

Де Јонг се осврна и на доаѓањето на БХ. репрезентативец Миралем Пјаниќ, кој од следната сезона ќе биде во средниот ред на Барса.

“Пјаниќ е одличен фудбалер и е многу добар со топката. Јас играв против него минатата сезона и затоа знам дека нашиот тим ќе биде уште посилен со него”, додаде Холанѓанецот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com