SportM
Фудбал

Де Јонг објасни зошто ја одбрал Барса

Д М26 сеп 2019
Де Јонг објасни зошто ја одбрал Барса

Френки де Јонг зборуваше за неговата одлука да го напушти Ајакс и да се пресели во Барселона. Имаше и други опции, но го одбра каталонскиот гигант. Шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити како и ПСЖ беа многу заинтересирани за холандската ѕвезда, но Де Јонг вели дека Барселона покажала поголема заинтересираност „Изборот за Барселона беше моја одлука затоа што тоа беше клубот кој покажа најмногу љубов. Прв пат кога слушнав дека Барса ме сака во своите редови? Беше во 2018 година.

Мојот агент ми се јави и ми рече: „Барселона покажа интерес за тебе, ајде да разговараме со нив“. Да се ​​слушне вакво нешто е гордост за секој. Да не беше за Барселона, тешко ми е да кажам сега каде би одел. Можеби ќе завршев во ПСЖ, или Манчестер Сити. Парите не ме мотивираа во изборот. Финансиите не се мое поле, парите никогаш не беа тема на дискусија на состаноците на кои присуствував. Овој дел му припаѓаше на мојот агент “.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.