Де Лаурентис бара да се одложи натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи
Д М3 мар 2021

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис сака да го одложи дербито закажано за 17 март.
Натпреварот требаше да се игра на 4 октомври, но ситуацијата со коронавирусот не му дозволи на Наполи да патува во Торино. Тогаш натпреварот беше регистриран со 3:0 за Јуве, на гостите им беше одземен еден бод, но подоцна таа одлука беше поништена.
Де Лаурентис не е задоволен од одлуката дуелот да се игра на 17 март, бидејќи Наполи ќе треба да се соочи со уште два непријатни италијански тима во периодот од 14 до 21 март, а тоа се Милан и Рома.
Наполи се бори за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите, а три вакви тешки натпревари за само седум дена ќе бидат голем залак за тимот на Де Лаурентис.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



