SportM
Фудбал

Де Лаурентис: Одбив 105 милиони евра за него, Анчелоти може да остане 10 години

Д М17 окт 2019
Де Лаурентис: Одбив 105 милиони евра за него, Анчелоти може да остане 10 години

Аурелио Де Лаурентис зборуваше околу „Сан Паоло“ за да стави крај на контроверзноста што трае со месеци. Тој се фокусираше и на ситуацијата со својот тренер.

„Слушнав многу гласини за Анчелоти, но сите тие се глупости. Тој може да остане тука уште десетина години. Јас имам многу добар тренер, имаме пријателски  врска и меѓусебно се почитуваме. Слушнав и прочитав многу, бидејќи се расправав со него. Повторувам, како што реков, Анчелоти може да остане тука уште десетина години“.

Потоа, Де Лаурентис кажа и неколку зборови за Колулибали.

„Интерес од Реал Мадрид и Барселона? Јас сум многу задоволен од Кулибали, не само како од фудбалер, туку и како од човек, така што не го продадов дури и за 105 милиони евра. Дефинитивно ќе има време кога ќе мора да продадеме одредени играчи“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.