Де Лихт оди во Јувентус
Д М22 јун 2019

Еден од најталентираните светски фудбалери, холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт, кариерата најверојатно нема да ја продолжи во Барселона или ПСЖ, кои важеа за фаворити за неговиот потпис, ниту во Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед кои и тоа како беа заинтересирани, откако тој во последен момент решил да се пресели во Италија и тоа во дресот на Јувентус.
Според пишувањата на холандски „Телеграф“, составот од Торино ќе треба да му исплати 70 милиони евра на Ајакс, додека фудбалерот би заработувал неверојатни 20 милиони евра годишно.
Ако ова биде реализирано, Де Лихт би бил втор најплатен фудбалер во Серија А и тоа зад неприкосновениот и единствен, Кристијано Роналдо.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



