Де Роси е назначен за главен тренер на СПАЛ
Д М11 окт 2022

Поранешниот играч фудбалер за врска на Рома и италијански репрезентативец, Даниеле Де Роси го презеде тимот на СПАЛ.
Договорот со 39-годишниот Италијанец е до крајот на јуни 2024 година.
СПАЛ стана првиот клуб во тренерската кариера на Де Роси. Пред тоа, од март до август 2021 година, тој беше дел од стручниот штаб на италијанската репрезентација.
За време на професионалната фудбалска кариера Де Роси стана светски шампион, како и двократен шампион на Италија. Тој се пензионираше во јануари 2020 година.
СПАЛ игра во Серија Б, втората лига на италијанското првенство. Тимот е 14-ти во поредокот со девет бодови од осум натпревари.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



