SportM
Фудбал

Дебитираше со гол, но за Гвардиола се уште не е готов: „Ќе го извлечеме само најдоброто од него“

Д М24 јул 2022
Дебитираше со гол, но за Гвардиола се уште не е готов: „Ќе го извлечеме само најдоброто од него“

Рано утрово, по наше време, Манчестер Сити го совлада Баерн со 1:0 во пријателски натпревар.

На овој меч дебитираше Ерлинг Халанд, а токму норвешкиот напаѓач го постигна победничкиот гол за Граѓаните.

Иако се чини дека Ерлинг Халанд веќе се сместил во ритамот на тимот од Манчестер, Пеп Гвардиола вели дека на норвешкиот напаѓач му треба уште време да се прилагоди на тоа што го бара.

 

„Постигна гол, што е многу важно. Секогаш е тука на тие топки пред голманот. Тоа се неговите први минути, му треба повеќе ритам, повеќе време. Ќе видиме како ќе реагира.

Ќе го извлечеме најдоброто од него за две или три недели. Тренираше многу добро, добро изгледа“, изјави Пеп Гвардиола, пренесува 90min.com.

Да потсетиме, Халанд на „Етихад“ пристигна од Борусија Дортмунд.

Премиер лигата за Манчестер Сити започнува на седми август кога ќе игра против Вест Хем.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.