Дебито на Бајчетиќ го запечати триумфот на Ливерпул на Вила Парк

Младиот Србин Стефан Бајчетиќ, синот на поранешниот ас на Црвена звезда Срѓан, го забележа само вториот настап за Ливерпул, а постигна гол по само две минути поминати на теренот.
Ливерпул уживаше во паузата поради Светското првенство во Катар. „Црвените“ славеа на „Боксинг деј“ против Астон Вила, по многу доброто прво полувреме и многу полошото второ полувреме – 3:1 и за првпат од почетокот на сезоната врзаа три победи. Претходните два ги остварија пред паузата, против Саутемптон и Тотенхем.
Натпреварот на „Вила парк“ за избраниците на Јирген Клоп започна одлично, тие поведоа буквално по првата шанса, во петтата минута Мохамед Салах одлично реагираше на додавањето на Робертсон. Египќанецот учествуваше и во вториот гол на Ливерпул, во 37. минута даде се што можеше во тој момент, ја врати топката во шеснаесетникот, а таму Ван Дијк со прецизен удар го совлада Алисон.
Виља имаше неколку добри шанси меѓу тие два гола, најдобрата преку Бејли во 14. минута, но потоа Алисон беше на висината на задачата. Домашните тргнаа доста агресивно од стартот на вториот дел, веднаш постигнаа гол по еден прекрасен потег, но се покажа дека Воткинс беше во офсајд позиција во 46. минута, по реакцијата од ВАР собата, голот беше оправдано забрането.
Ниту тоа не го поколеба тимот на Унаи Емери, кој преку Воткинс во 59. минута успеа да постигне гол и да се врати во мечот, асистент во таа ситуација беше Даглас Луиз. Виља напаѓаше, но Ливерпул чекаше и дочека зицер од контранапад, во 76. минута Салах со одлично додавање преку половина терен го „избрка“ Нуњез, кој остана очи во очи со голманот Олсен, но беше непрецизен од 17 метри.
A first senior goal for Stefan Bajcetic 🤩 pic.twitter.com/HfkGXknuzq
— Liverpool FC (@LFC) December 26, 2022
И покрај тоа што неговиот тим не обезбеди триумф, Клоп во 79. минута на терен го испрати младиот Стефан Бајчетиќ, кој само минута подоцна постигна гол. Токму младиот Србин, кој има и шпански пасош, го отсече нападот на Виља, ја започна и брилијантно ја заврши акцијата.
Darwin run on left wing leading to Bajcetic first senior goal. Fantastic sequence https://t.co/JajNGi7aQq
— Moby (@Mobyhaque1) December 26, 2022
Ливерпул се искачи на шестата позиција, сега има пет бода помалку од местото кое го води во Лигата на шампионите, со 12 помалку од лидерот, тимот на Арсенал. Астон Вила остана на 12. позиција.



