SportM
Фудбал

Дел Боске потсети на најголемата неправда што му ја нанесе на еден фудбалер

Д М15 ное 2020
Дел Боске потсети на најголемата неправда што му ја нанесе на еден фудбалер

Винсенте Дел Боске е најуспешниот тренер во историјата на Шпанија бидејќи со Црвената фурија ги освои Стариот континент и светот.

Во интервју за „Марка“, еминентниот стручњак се присети на неговата најтешка одлука во тренерската кариера, која ја донесе пред Светското првенство во 2010 година.

Имено, тогаш селекторот на Шпанија не го вклучи Маркос Сена во тимот, кој играше одлично во дресот на Виљареал и беше меѓу најдобрите на Европското првенство две години порано.

“Она што најмногу ме повреди беше да не го земам Маркос Сена, без сомнение. Тој беше меѓу најдобрите на Европските шампионати”, рече Дел Боске.

“Сепак, тоа го видовме во благ пад, потоа се појавија Бускетс и Јави Мартинез. Тоа беше одлука што навистина боли”, додаде тој.

Инаку, Шпанците досега го освоија единствениот Мундијал во 2010 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.