SportM
Фудбал

Дел Пјеро: Феликс може да стане најдобар во светот

Д М25 ное 2019
Дел Пјеро: Феликс може да стане најдобар во светот

Дел Пјеро му верува на Феликс.

Легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро изјави дека sвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс би можел да стане најдобриот играч на светот.

Дел Пјеро смета дека ако Португалецот дава се од себе на тренинзите и ќе успее да стане најдобар.

„Тој е еден од најдобрите, тој не треба да чека да поминува време. Сето тоа го има. Единствениот совет е да се работи напорно на секој тренинг. Тој има сè што му треба за да биде број еден“, рече тој.

Феликс утре се очекува да игра во првиот тим против Јувентус во Торино.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.