SportM
Фудбал

Дел Пјеро се огласи по поразот на Италија од Македонија: Ова се драматични моменти

Д М28 мар 2022
Дел Пјеро се огласи по поразот на Италија од Македонија: Ова се драматични моменти

Легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро, конечно се огласи по тешкиот пораз на Италија од Македонија.

„Не само што ова не се убави моменти, туку се и драматични. Ќе видиме што ќе се случува, репрезентацијата мора да се консолидира, а фудбалерите да преземат одговорност.

 Убеден сум дека тоа и ќе се случи, но сега е навистина тешко да се размислува и да прават проценки по вака разочарувачки пораз“, изјавил Дел Пјеро.

Александар Трајковски со голот во 92. минута ги исфрли италијаните од трката за пласман на СП, додека Македонија утре против Португалија, ке има можност за најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, пласман на Светско првенство

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.