SportM
Фудбал

Деле Али спектакуларно пречекан во Истанбул

Д М25 авг 2022
Деле Али спектакуларно пречекан во Истанбул

Деле Али, поранешниот фудбалер на Евертон, кариерата ќе ја продолжи во турскиот Бешикташ.

Некогаш еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, кој најголемиот дел од кариерата го мина во Тотенхем реши да ја прифати понудата на турскиот великан. Остануваше само да ги направи лекарските прегледи.

Али засега ќе игра во Бешикташ како позајмен играч, но не е исклучена можноста за откуп, доколку биде задоволен во најголемиот град во Турција и доколку дојде до договор меѓу клубовите.

Деле Али во последно време е далеку од вистинската форма. Тој не е во преден план кај тренерот Лампард и само повремено добива шанса од клупата на Евертон.

 

Секако, тоа не ги спречи навивачите на Бешикташ да му приредат спектакуларен пречек во раните утрински часови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.