SportM
Фудбал

Демба Ба има нов клуб

Д М19 јун 2021
Демба Ба има нов клуб

Сенегалски репрезентативец потпиша за 12-от клуб во кариерата.

36-годишниот напаѓач ја заврши епизодата во Башакшехир и засили Лугано.

Искусниот офанзивен играч го стави својот потпис на едногодишен договор и на тој начин напиша нова страница од неговата фудбалска биографија.

Во својата богата кариера, тој ги носеше дресовите на Башакшехир, Шангај Шенхуа во Кина, потоа Гозтепе, Бешикташ, Челзи, Њукасл, Вест Хем, Хофенхајм, Мускрон и Руан во кои ја започна својата кариера.

Тој остави најголем белег во редовите на Челзи, за кој постигна 14 погодоци, а најимпресивен беше оној против Ливерпул откако Џерард се лизна, оставајќи го Ливерпул без титула.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.