Connect with us

Фудбал

Демба Ба за познатото лизгање на Џерард и голот што го постигна: „Не уживавме во уништувањето на нивните соништа“ (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул успеа да ја освои титулата англиски шампион 2020 по 30 години чекање.

„Црвените“ одиграа прекрасна сезона, но пандемијата што го зафати светот успеа да го одложи славјето за неколку месеци.

Сепак, сезоната продолжи, „црвените“ први ја минаа целта и заслужено ја освоија титулата што ја чекаа три децении.

Шест години претходно тимот од Енфилд имаше голема шанса да ја освои титулата и имаше мртва трка со Манчестер Сити.

Сепак, „црвените“ попуштија под притисок на самиот крај на сезоната, а грешката што ги чинеше беше пролизгувањето на Стивен Џерард на натпреварот против Челзи.

Легендарниот капитен на „црвените“ се лизна на средината на теренот, Демба Ба го искористи тоа и го постигна водечкиот гол за Челзи, кој на крајот славеше со 2:0.

Во интервју за Атлетик, поранешниот сенегалски фудбалер се потсети на овој момент и истакна дека не славеа во Челзи затоа што го уништија сонот на „црвените“, но тоа беше само прослава.

“Не уживавме во фактот дека им ги уништивме соништата. Само уживавме во победата. Вие правите грешка, другите го искористуваат тоа”, рече Демба Ба.

Ливерпул ја заврши сезоната на второто место со два бода помалку од Сити и чекањето за титулата траеше уште шест години.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама