SportM
Фудбал

Дембеле се договори за трансфер во ПСЖ, на потег е Барселона

Д М31 јул 2023
Дембеле се договори за трансфер во ПСЖ, на потег е Барселона

Усман Дембеле усно се согласил да се пресели во Пари Сен Жермен, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо, специјалист за фудбалски трансфери.

Тој пишува дека Дембеле дал зелено светло и преку својот агент се согласил да потпише петгодишен договор со „светците“.

Пари Сен Жермен испрати писмо до Барселона и објави дека е подготвен да плати 50 милиони евра колку што е откупната клаузула во договорот на Дембеле.

Каталонскиот клуб не е подготвен да го пушти, туку сака да го задржи и да изгради иднина со него, но тоа не е воопшто лесно.

Тренерот Чави даде изјави дека Дембеле е играч кој го посакува во својот тим и кому му верува, но самиот офанзивец со многу проблематично однесување не сакаше да потпише нов договор.

Фудбалерот бара многу поголеми примања од кои моментално ги има, кои веројатно освен ПСЖ не би можел да му ги обезбеди ниту еден друг клуб во Европа, освен ПСЖ.

Останува да видиме дали Барселона ќе успее да го реши ова во своја полза.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.