SportM
Фудбал

Ден 10: Кој поминува понатаму од група А?

Д М29 ное 2022
Ден 10: Кој поминува понатаму од група А?

Вторник е десеттиот натпреварувачки ден на Светското првенство кое се одржува во Катар. На крајот на денот ќе дознаеме кои селекции од групите А и Б ќе обезбедат пласман меѓу 16-те најдобри екипи на турнирот.

За разлика од првите две кола, натпреварите од третото коло од групната фаза се играат истовремено, за да се спречи евентуално неспортско однесување и пресметка во резултатот.

Први на терен излегуваат репрезентациите од групата А, во која се знае само дека Катар веќе нема никакви шанси за поминување.

Директна битка за пласман во нокаут фазата ќе имаат Еквадор и Сенегал со тоа што на Еквадорците им одговара и реми. Холандија е на дофат на групната фаза и само чудо може да ја спречи да се пласира во следната фаза.

Од 20:00 часот по средноевропско време ќе ја видиме пресметката во групата Б. Во исто време ќе се играат натпреварите Иран-САД и Велс-Англија. Во изедначената група најголеми шанси има Англија, а најмалку Велс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.