Connect with us

Ракомет

Денес ќе ги дознаеме сите учесници на второто коло на Светското првенство во ракомет

На Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Египет, за денеска се закажани натпреварите од третото коло во групите А, Б, Ц, Д, по што ќе ги знаеме сите учесници во второто коло од натпреварувањето.

Највозбудливо треба да биде во групата Б, каде сите селекции имаат шанса да одат понатаму. Шпанија е лидер со три бода, Полска и Бразил имаат два бода, а Тунис има еден бод. Денес се среќаваат Шпанија-Тунис и Бразил-Полска.

Репрезентацијата на Зелено’ртски Острови го напушти Египет поради коронавирусот, па Германија, Унгарија, Уругвај одат подалеку од групата А, а денешниот дуел помеѓу Германија и Унгарија ќе даде одговор на прашањето за која селекција ќе се најде на прво место.

Во групата Ц, Катар и Хрватска отидоа понатаму, а во меѓусебен дуел ќе одлучат за победникот од групата Ц, додека Јапонија и Ангола во директен дуел ќе одлучат за третиот патник во втората фаза од натпреварувањето од оваа група.

Во групата Д, Данска и Аргентина ќе играат за првото место, додека Бахреин и Конго ќе одлучат за третото место во групата. На натпреварот помеѓу Бахреин и Конго нема сомнеж дека африканскиот тим ќе има поголема поддршка од неутралните навивачи, а причина е Готје Мвумби, кој со својата градба и тежина стигна до центарот на светската спортска јавност, а на првите два меча има осум погодоци.

Нашата репрезентација успеа да избори пласман како третопласирана го групата Г, водечка селекција во групата е Шведска а на ворото место се наоѓа Египет. Победата над Чиле ни обезбеди пласман во следното коло.

Македонија утре игра во 15:30 против селекцијата на Словенија.

Од преостанатите групи, пласманот дополнително го обезбедија селекциите на Франција, Норвешка, Швајцарија, Португалија, Исланд, РХФ, Словенија и Белорусија.