SportM
Ракомет

Историја за ГРК Охрид, го освои Европскиот Куп

Редакција31 мај 2026
Историја за ГРК Охрид, го освои Европскиот Куп

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскиот прв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања.

По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, охриѓани вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11).

И минатата сезона трофејот во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување го освои македонски тим – Алкалоид од Скопје

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.