SportM
Фудбал

Денес, само еден човек тренираше во Тренинг центарот на Реал

Д М30 јул 2019
Денес, само еден човек тренираше во Тренинг центарот на Реал

Велшанецот Герет Бејл е една од главните теми ова лето кога станува збор за трансферите.

Речиси сè е познато за неговиот случај, но целата ситуација повторно ќе ја објасниме во кратки црти.

Зинедин Зидан повеќе не смета на Велшанецот, а тоа го потврди и на прес-конференција пред неколку дена. Клубот требаше да го продаде на кинескиот Jиангсу Сунинг, но претседателот Флорентино Перез во последен час се предомисли и го запре трансферот.

Зидан не го наведе меѓу 24-те фудбалери на кои смета за Ауди Купот во Минхен, бидејки Бејл то го побара, очекувајќи дека трансферот ќе биде комплетен до тогаш. Сепак, пропрадна трансферот но и играњето на Бејл за Реал, па денес доживеа прилично срамна ситуација.

Поточно, шпанските медиуми објавија дека Велшанецот денес во Тренинг центарот на Реал се појави сам, бидејќи остатокот од тимот е во Минхен. Реал Мадрид вчера објави дека нивниот крилен играч не тренирал со тимот и дека работел заедно со Лука Јовиќ кој е повреден. Сепак, денес Бејл очигледно стана осамен волк затоа што веќе го нема Јовиќ.

Неодамнешните информации велат дека „Кралевите“ не сакаат да го продадат својот играч на екипите на Лигата на шампионите за помалку од цената што ја бараат.

Бејл му се придружи на клубот во летото 2013 година и има освоено дури четири ЛШ и една Ла Лига со Реал Мадрид.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.