SportM
Фудбал

Денеска во Милано го чека пекол предавникот Донарума

Д М7 ное 2023
Денеска во Милано го чека пекол предавникот Донарума

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вечерва гостуваат кај екипата на Милан на „Сан Сиро“ во 4.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Немаше поголеми проблеми за парижаните на првиот натпревар (3:0), но се верува дека Милан е во состојба да пружи посериозен отпор на друштвото на Луис Енрике пред своите навивачи.

На сето тоа, можеби се тресат рацете на Џанлуиџи Донарума, кој добива пеколен пречек по враќањето во Милан каде што доби сениорска можност од Синиша Михајловиќ, а потоа шест години подоцна реши да замине во Париз. Сето ова, откако не сакаше да го продолжи договорот со клубот, постојано зборувајќи за финансиски причини, на што „росонерите“ замеруваат.

Така денеска беше приреден специјален пречек за Џиџи Донарума. Имено, навивачите планираат да му фрлаат лажни пари за време на загревањето и натпреварот, а ќе носат и маици со број „71“, што во неговото родно место Неапол значи број на предавник, што е, безвредна личност.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.