SportM
Фудбал

Депај на прес-конференција зборуваше за неговиот трансфер: Чекајте, вестите ќе дојдат наскоро

Д М16 јун 2021
Депај на прес-конференција зборуваше за неговиот трансфер: Чекајте, вестите ќе дојдат наскоро

Мемфис Депај во моментов е на Европското првенство со Холандија, но се уште кружат гласини за заминување од Лион.

Депај неодамна одигра добар натпревар во победата на Холандија над Украина, а утре Орање ќе се соочи со Австрија.

Во пресрет на мечот, Депај се појави на прес-конференција. Иако повод беше, секако, дуелот од 2.коло на ЕУРО, крилниот напаѓач се осврна и на приказната за можен трансфер во Барселона, која го посакуваше подолго време.

“Сите знаете дека се поврзувам со Барселона веќе некое време. Сакам да играм за Роналд Куман, но почекајте, наскоро следуваат некои новости”, рече Депај.

Неговиот договор со Лион истекува на крајот на јуни и тој се преселува на Ноу Камп како слободен агент. Барса веќе ги донесе Серхио Агуеро и Ерик Гарсија бесплатно, а следното засилување треба да биде Депај.

27-годишниот напаѓач играше за Лион во изминатите четири и пол години, каде што обезбеди навистина одлични игри. За „лавовите“ одигра вкупно 178 натпревари и постигна 76 голови.

Претходно во својата кариера играше за Манчестер Јунајтед, каде не се прослави, а славата ја стекна во дресот на ПСВ Ајндховен. Зад Депај е навистина одлична сезона во Лион во која тој постигна 22 гола и 12 асистенции на 40 натпревари.

Освен Барселона, во трката за Депај се вклучи и Јувентус, кој наводно му понудил подобри услови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.