Дербито ја крена земјата на нозе: Гостите одат во „кафез“, домаќините добиваат опомени, кафулињата затвораат

Во недела дербито од Лига 1 ќе го одиграат Марсеј и ПСЖ, а натпреварот е закажан за 20:45 часот.
Натпреварите на овие два тима секогаш носат со себе голема доза навивачка страст, а претходните натпревари предизвикуваа многу проблеми, хулиганство и немири на улиците околу стадионот, но и на самиот стадион.
Во Марсеј, тие веќе се подготвуваат за новата дивина, па на стадионот „Велодром“ ќе се направи „кафез“ за гостинските навивачи, или поточно, ќе бидат опкружени со висока мрежа, така што домашните навивачи не би фрлале пиротехнички средства кон гостите, како што беше случај порано.
⚪🔵 Selon nos informations, l'OM a mis en place des filets amovibles au stade Vélodrome afin de protéger les joueurs du PSG des possibles jets de projectiles venus des tribunes sur des situations chaudes comme les corners.https://t.co/lmoCf9TAcB
— RMC Sport (@RMCsport) October 22, 2021
Навивачите на гости ќе бидат придружувани и од голем број полицајци на влезот во Марсеј, а на улиците околу и во близина на стадионот ќе бидат засилени полициските патроли од соседните градови и самиот Марсеј.
Предвидено е гостинските навивачи да влезат на стадионот десет минути по почетокот на натпреварот и да го напуштат пред судиското временско надополнување, но тоа се уште е на разгледување.
Посебен акцент ќе биде ставен на споредните улици каде што се наоѓаат кафулињата и пабовите кои ќе затворат два часа пред почетокот на натпреварот, а исто така во недела од 12 часот е забранет секој собир во околните паркови.
Француската полиција како никогаш досега се подготвува за дербито меѓу Марсеј и ПСЖ, а клубовите веќе добија предупредување од тамошната федерација за можни казни во случај на нереди на теренот, додека домаќинот доби посебни инструкции за време на натпреварите кога доаѓа до безбедноста.
Пред споменатото дерби, ПСЖ по десет одиграни натпревари е лидер со 27 бодови, додека Марсеј е трет со 17 бодови и натпревар помалку, за со триумфот во недела и триумфот во преостанатиот натпревар да се доближи до ПСЖ на врвот на табелата што дава дополнителен резултатски шарм на овој натпревар.



