Дербито не можеше да започне подобро: Ракитиќ го активираше топот во ногата, Облак немоќен (ВИДЕО)
Д М18 дек 2021

Во моментов се игра дербито од 18. коло во шпанската Примера меѓу Севиља и Атлетико Мадрид.
За неутралните набљудувачи, а особено за навивачите на домашната екипа, натпреварот не можеше да започне подобро.
Севиља води од седмата минута со голот на Иван Ракитиќ.
Рекик му ја додаде топката на Хрватот, а тој постигна еврогол од околу 30 метри и навистина немоќен беше Јан Облак.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



