Connect with us

Фудбал

Дербито припадна на Ливерпул и се искачи на +9 пред Манчестер Сити

Објавено:

Девет поени повеќе од Манчестер Сити, Ливерпул се уште е во добра форма во Премиер лигата

12. коло во Премиер лигата ни овозможи дерби на најголемите ривали за титулата во ПЛ, Ливерпул и Манчестер Сити.

На крајот, домаќините триумфираа, момчињата на Јирген Клоп со 3:1, за да се искачат +9 пред тимот на Пеп Гвардиола.

Ливерпул го започна натпреварот во фантастична атмосфера на „Енфилд“.

Фабињо го отвори резултатот со прекрасен гол во 6. минута.

Напаѓачот, Мохамед Салах, во 13. минута постигна за 2-0, што се покажа како конечен резултат од првото полувреме.

Кога започна второто полувреме, во 51. минута, Садио Мане ја затресе мрежата на Браво.

Потоа, Ливерпул некако се смири и во 78-та минута Бернардо Силва го намали водството на 3-1.

По оваа победа над ривалот за титулата, Ливерпул има 34 поени, осум повеќе од Лестер Сити и Челзи кои се на позициите 2 и 3 со 26 поени и 9 повеќе од Манчестер Сити на четвртото место.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама