SportM
Фудбал

Дест претставен во Барселона, па ги изненади сите со изјавата зошто дојде во каталонскиот клуб

Д М1 окт 2020
Дест претставен во Барселона, па ги изненади сите со изјавата зошто дојде во каталонскиот клуб

Младиот американски фудбалер Сержињо Дест денес беше официјално претставен како ново засилување за Барселона.

Дест пристигна во Барса од Ајакс и потпиша петгодишен договор. Овој трансфер ја чинеше Барселона 20 милиони евра, а тие гледаат на Дест како долгорочно решение на позицијата лев бек.

Овој млад фудбалер претходно се поврзуваше со Баерн, но тогаш пристигна понуда од Барселона која промени сè. Преговорите не траеја долго и Дест покажа голема желба да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб.

Денес беше официјално претставен како ново засилување за Барселона и ги изненади сите кога откри зошто одбра да дојде на Камп Ноу.

“Ја избрав Барселона затоа што имаат тренер од Холандија, и исто така затоа што неодамна ги напушти еден лев бек. Само имав чувство дека ќе имам повеќе можности да играм овде. Куман знае дека можам да играм лев бек и мислам дека тој верува во мене. Јас не ја избрав Барса поради Меси, но ќе биде многу убаво да играм со него “, изјави Дест.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.