SportM
Фудбал

Детали за новиот договор: Богатството за Меси дури и ако реши да ја напушти Барселона

Д М1 фев 2021
Детали за новиот договор: Богатството за Меси дури и ако реши да ја напушти Барселона

Шпанскиот весник Мундо Депортиво вчера го шокираше фудбалскиот свет откако објави детали за договорот на Лионел Меси.

Во копија од договорот од 2017 година јасно стои дека Меси заработува многу повеќе отколку што се сметаше порано. Дури 555 милиони евра за четиригодишен договор, но и над 70 милиони евра бонуси за лојалност.

Денес весникот објави нови детали и тврди дека според клаузулите од договорот, Барселона ќе мора да плати уште 39 милиони евра на Меси на крајот на сезоната.

Ова е втора рата од бонусот за лојалност и Барселона ќе мора да ја плати затоа што Меси го заврши договорот, без оглед што ќе одлучи подоцна, да остане или да замине во друг тим како слободен агент.

Се на се, Барселона не се снајде баш најдобро со потпишувањето на еден од најголемите договори во светот на спортот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.