SportM
Фудбал

Деталите откриваат дека Меси е победник на Златната топка

Д М26 ное 2019
Деталите откриваат дека Меси е победник на Златната топка

Лионел Меси е главниот фаворит за освојување на Златната топка, по одличната сезона со Барселона. Според некои извештаи на шпанските медиуми, Аргентинецот всушност е веќе избран за победник на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

Месеците поминати во неизвесност за победникот на Златната топка во 2019 година ќе завршат во понеделник, 2 декември, денот кога официјално ќе биде објавен победникот, кој според повеќе медиуми е Лео Меси.

Новинарот Франческ Агилар изјави дека двајца претставници на „Франс Фудбал“ – француското списание што ја доделува наградата – биле во Барселона за да ги кажат вестите на Меси.

Роднините на Меси ниту ја потврдија, ниту ја негираа веста кога беа запрашани од новинарите на шпанскиот весник „Марка“.

Покрај тоа што објавија дека е победник на „Златната топка“, претставници на францускиот магазин направиле и интервју со десетката на Барселона, како и направиле традиционална фотографија со трофејот, што ќе биде на насловната страница на списанието..

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.