SportM
Фудбал

Џед Спенс е новото засилување на Тотенхем

Д М19 јул 2022
Џед Спенс е новото засилување на Тотенхем

Тотенхем донесе засилување на позицијата десен бек.

Џед Спенс, поранешен играч на Мидлсброу, потпиша за Спарс.

 

Спенс има само 21 година, помина низ младинските редови на Фулам, пред да се пресели во Мидлсброу во 2018 година.

Изминатата сезона ја мина како позајмен во Нотингем Форест, за кој одигра 46 натпревари, а со три гола им помогна на „шумарите“ да се вратат во Премиер лигата.

 

Тој беше избран во идеалниот тим на првенството.

 

Тој потпиша договор со Тотенхем до 2027 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.