Connect with us

Фудбал

Џерард: Астон Вила не е станица за Ливерпул

Стивен Џерард, менаџерот на Астон Вила, истакнува дека е целосно посветен на новиот клуб и дека не размислува за друга работа во иднина.

„Ќе направам се што е во моја моќ за да бидам успешен овде. Јас сум 100 отсто посветен, како и целиот мој тим“ , истакна поранешниот англиски репрезентативец.

Доаѓањето на Џерард на клупата на тимот од Бирмингем многумина го видоа како уште еден чекор кон клупата на Ливерпул. За тимот од Енфилд одигра 710 натпревари и постигна 186 голови. Тој освои осум трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2005 година.

„Сите ги знаат моите чувства кон Ливерпул. Сепак, неправедно е да се каже дека за мене ова е само една станица на патот до Ливерпул. Ова не е вистина. Никогаш не размислувам за клупата на Ливерпул. Горд сум што сум на чело на Астон Вила и ќе направам се за да постигнам добри резултати“, истакна Џерард.

Џерард ќе дебитира на клупата на Астон Вила во сабота од 16 часот на домашен терен против Брајтон.

Реклама

Facebook

Реклама