Џерард „распали“ по Абрамович откако го отпушти неговиот пријател Лампард!

Стивен Џерард, тренер на Ренџерс во Шкотска, на прес-конференција утрово го коментираше отказот на неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Френк Лампард.
„Очигледно е, многу жалам за Френк, тој е поранешен мој соиграч, личност која многу ја почитувам. Познавајќи го, знам дека ќе се врати посилен! Ќе заборави сè и ќе се врати со истата страст. Сега тој ќе го искористи ова слободно време да биде со своето семејство“, рече Џерард и продолжи:
„Разочаран сум затоа што сметам дека тоа е избрзана одлука, особено по позитивниот резултат во ФА купот. Но, не ги знам деталите, не знам каква врска имаше со клубот. Само мислам дека требаше да го поддржат во ова тешко време, наместо да го направат она што го направија. Но, ова не е прв пат да се случуваат вакви работи во Челси, па затоа не беше изненадување”.



