SportM
Фудбал

Џером Боатенг се пресели во Франција

Д М31 авг 2021
Џером Боатенг се пресели во Франција

Искусниот дефанзивец од денеска има нов тим.

По десет години, Боатенг летово го напушти Баерн за кој одигра дури 363 натпревари и освои 25 трофеи.

Претходно се поврзуваше со екипите на Лацио и Фиорентина, потоа Херта Берлин, потоа Севилја, но на крајот заврши во Лион. Тој ќе потпише договор со францускиот тим во наредните часови откако ќе ги помине медицинските прегледи.

Тој дојде во Баерн во 2011 година за 13,5 милиони евра од Манчестер Сити.

Во прошталната порака до Баерн, тој напиша:

„Благодарам на сите што ме поддржуваа сите овие години, во подеми и падови, времиња со повреди, кога можеби не веруваа сите во мене, а некои веќе ме отпишаа … Во последните неколку дена добив толку многу пораки, толку многу добри желби. Ви благодарам многу на секој од вас. Засекогаш ќе бидам благодарен за љубовта и поддршката што ми ја дадовте“.

Со Лион, Боатенг ќе се обиде да го постигне најдобриот можен пласман во Франција, а една од главните цели е пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.