Connect with us

Фудбал

Џорџо Киелини шутираше кон голот и самиот почна да се смее поради тоа што го направи

Лос Анџелес ФК на домашен терен го победи Сиетл Саундерс со 2:1 и ја продолжи победничката серија.

Тимот на Градот на ангелите е убедливо прв во поредокот на Западната конференција и е главен фаворит за освојување на шампионската титула.

Овој тим во изминатиот период дополнително се засили. Пристигнаа Герет Бејл и Џорџо Киелини, а LAFC доби дополнителна офанзивна и одбранбена сила.

Сепак, Киелини против Сиетл покажа дека има и напаѓачки амбиции. Искусниот дефанзивец за малку ќе го постигнеше еден од најубавите голови во кариерата, но за негова несреќа не му успеа.

Италијанецот ја повлече топката и потоа реши да шутира од околу 25 метри. Топката помина само покрај стативата со помош на противничкиот голман.

Киелини не беше навикнат на такви обиди. Доказ за тоа е неговата смеа по удар, која ја немаше премногу во текот на кариерата.

Натпреварот го следеа и неговите поранешни соиграчи од Јувентус. Токму кон нив Џорџо се сврте по овој обид, а тие го наградија со овации.

Facebook