SportM
Фудбал

Џошуа ја заведе сопругата на ѕвездата на Сити: Несреќниот Марез, привлечната Рита го изневерува на сите страни

Д М22 дек 2019
Џошуа ја заведе сопругата на ѕвездата на Сити: Несреќниот Марез, привлечната Рита го изневерува на сите страни

Светскиот шампион во бокс, Ентони Џошуа е фатен како флертува и ја поминува ноќта со сопругата на фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез.

Атрактивната Рита во петокот е фатена со Џошуа во лондонскиот ноќен клуб, при што персоналот на клубот ги откри сите детали за британскиот таблоид „The ​​Sun“.

„Рита налета на Џошуа на излез, но тој потоа ја покани да му се придружи во ВИП салонот. Таа беше во друштво со пријателките и без дилема дојде до Џошуа. Тие цела ноќ ја минуваа флертувајќи заедно“, рече изворот, додавајќи :

„Тој немаше идеја која е таа. Тој виде само убава девојка и уживаше во нејзиното друштво. Сепак, кога сопственикот на клубот му кажа дека ова е сопруга на Ријад Марез, тој почна да се однесува чудно и малку се повлече. Тие заминаа околу 3 часот наутро. но со различни автомобили“.

Џошуа е вториот боксер со кој Рира се поврзува во последно време. Таа, наводно, го заведе шампионот на ВБЦ, Донтај Вајлдер во август.

Ријад и Рита не живеат заедно долго време, а се соочуваат и со развод, кој треба да биде финализиран наскоро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.