SportM
Фудбал

Ди Франческо има многу дилеми, но Един Џеко не е една од нив

Д М2 ное 2018
Ди Франческо има многу дилеми, но Един Џеко не е една од нив

Фудбалерите на Рома утре ги очекува тешко гостување на стадионот „Артемио Франки“, каде што силата ќе си ја одмерат со секогаш опасната екипа Фиорентина.

На Рома и e потребна итна победа во Серија А, но фудбалерите на „Волчицата“ наредната седмица ги очекува средба во групната фаза на Лигата на шампионите против ЦСКА Москва, па тренерот Еусебио Ди Франческо мора добро да ја „распореди силата” за овие дуели.

Но, Рома има проблеми со повредените и играчите кои сè уште не се спремни, па Ди Франческо има доста дилеми пред утрешниот дуел со Фиорентина.

„Де Роси нема да го викнеме за овој натпревар. Веројатно нема да  биде достапен ни за натпреварот со ЦСКА, тешко е да се предвиди и да ли ќе биде во конкуренција за Сампдорија.

Костас Манолас денес беше на првиот тренинг по доста време и тоа е позитивна работа, така што ќе биде достапен, а јас ќе одлучам дали ќе игра или не.“ истакна Ди Франческо на прес конференцијата, па продолжи:

„Хавиер Пасторе и Џастин Клајверт денес, по многу време, тренираа со екипата. Клајверт беше доста подобар од Пасторе, така што најверојатно ќе игра тој.“

Една од ретките позиции која нема да биде дилема за Ди Франческо е онаа на централниот напаѓач.

„Централен напаѓач утре ќе биде Един Џеко, а после ќе видеме уште какви опции имаме.“

„Патрик Шик би можел да заигра на крило, тоа е една од можностите. За сите играчи постои пат на развој и сите мои играчи учествуваат во него.“ додаде Ди Франческо.

Натпреварот од 11. коло во Серија А, помеѓу Фиорентина и Рома е утре со почеток од 18:00 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.