SportM
Фудбал

Ди Франческо: Не би сакал да се сретнам со Роналдо во следниот натпревар

Д М22 дек 2018
Ди Франческо: Не би сакал да се сретнам со Роналдо во следниот натпревар

Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо се надева дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе го пропушти претстојниот натпревар на клубот од Торино, против неговиот тим.

Според него, Португалецот е најголема закана за римјаните.

Кристијано Роналдо е закана број еден. Тој може да не биде забележителен 35 минути, а потоа одеднаш да направи феноменален потег и да избие во прв план. За овој играч е многу тешко тренерите да најдат замена, бидејќи тој е способен да го реши исходот од натпреварот кога сака. Очигледно, не би сакал да се соочам со него на следниот меч, изјави Ди Франческо.
Јувентус ја пречекува Рома вечерва од 20:30 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.