Ди Франческо со една нога веќе е на излезна врата од Рома

Фудбалерите на Рома вчера доживеа шокантен пораз на домашен терен од СПАЛ во рамките на 9. коло од италијанската Серија А.
Волчицата беше голем фаворит на овој натпревар, но на крајот СПАЛ славеше со 2:0 и на тој начин предизвика уште еден шок за римскиот клуб. Рома слабо ја отвори сезоната, но успеа да се врати со три победи, но поразот од СПАЛ дојде во најлош можен период.
Италијанските медиуми ова утро шпекулираа дека Еузебио ди Франческо може брзо да биде отпуштен и дека овој пат нема да биде толку лесно да се спаси. „Corriere dello Sport“ извести дека претседателот на клубот Џејмс Палота бил бесен после вчерашната игра.
Очигледно, Палота јасно му кажал на Ди Франческо дека повеќе нема право на грешка и му постави ултиматум во следните четири натпревари. Рома ја очекува исклучително тежок распоред, бидејќи ќе игра со Наполи и Фиорентина, па во два наврата во Лигата на шампионите против ЦСКА.



