Connect with us

Фудбал

Дибала: „Гатузо е луд, но тој е луд на добар начин“

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала го пофали тренерот на Наполи, Џенаро Гатусон, но го опиша како „луд на добар начин“.

Кога Пауло Дибала и Џенаро Гатузо беа заедно во Палермо, аргентинскиот напаѓач се сеќава дека поранешниот легендарен играч од средниот ред на Милан беше „лош“ со него, но додаде дека многу им помогнал.

Гатузо беше отпуштен по само шест натпревари како тренер на Палермо во текот на сезоната 2013/14 во Серија Б, но Дибала добро го запомни.

„Гатузо е луд. Но, тој е луд на добар начин“, рече Дибала во интервјуто за „Тутоспорт“.

„Во Палермо, тој многу ми помогна, иако ние бевме само заедно краток временски период. Имам многу убави спомени со него“.

„Некои од спомените со него не се толку добри, од моментот кога бевме на тренинг, до ударите што ми ги даде за време на натпреварите. Но, така беше со него“.

„Вистината е, се чувствував навистина добро со него“.

Оваа сезона, Гатузо го замени отпуштениот Карло Анчелоти за тренер на Наполи, но италијанскиот клуб останува во долниот дел од табелата во лигата.

Од друга страна, Бјанконерите на Дибала се на врвот на табелата во Серија А и 26-годишниот играч има постигнато пет гола и придонесе седум асистенции во неговите 18 одиграни натпревари досега оваа сезона.