SportM
Фудбал

Дибала ги утеши навивачите на збогувањето: „Никогаш нема да одам таму“

Д М19 мај 2022
Дибала ги утеши навивачите на збогувањето: „Никогаш нема да одам таму“

Пауло Дибала ја заврши својата авантура во Јувентус, иако неговиот нов клуб се уште не е познат.

По седум години Дибала реши да го напушти Јувентус. Тој летово ќе избере нов клуб како слободен играч, а тоа би можела да биде Рома. Претходно медиумите во Италија уверуваа дека тоа е Интер, но се чини дека Аргентинецот решил да не игра во тим кој важи за најголем ривал на Старата дама.

„Никогаш нема да одам во Интер“, наводно рекол Дибала додека се збогувал со навивачите на Јувентус за време на ремито против Лацио (2:2).

 

Сигурно ќе им биде многу полесно на навивачите и на сите во Јувентус нивната ѕвезда да заврши во Рома, каде што прва ѕвезда ќе биде самиот Дибала, додека во Интер сепак би бил во втор план.

Жозе Мурињо претходно му кажа на Дибала дека го сака во својот тим, па сопственикот на Рома, семејството Фридкин, започна преговори со Аргентинецот.

 

Рома сега е фокусирана на финалето на Конференциската лига против Феенорд, а допрва треба да одигра натпревар против Торино овој викенд за крај на Серија А. Рома досега освои само еден меѓународен трофеј, а тоа е Купот на фер градови од 1961 година.

 

Дибала дојде во Јувентус во 2015 година. Торинскиот клуб тогаш за него на Палермо му плати 40 милиони евра. Фудбалерот моментално е проценет токму на таа сума.

 

Во сезоната 2021/2022, Дибала одигра 37 натпревари за Старата дама во сите натпреварувања и за тоа време постигна 15 гола и запиша шест асистенции.

 

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.