SportM
Фудбал

Дибала ја советува „Старата дама“: Еве каде треба да се подобриме

Д М24 ное 2019
Дибала ја советува „Старата дама“: Еве каде треба да се подобриме

Иако овој пат Пауло Дибала не беше толку пресуден како на натпреварот против Милан, сепак голот за 3:1 против Аталанта служеше за мотивирање на шампионите.

„Знаев дека можеме да постигнеме гол во секој момент. Моравме да се подобриме во држењето на топката. Сега ќе ги проучуваме грешките за да ги избегнеме во иднина“, рече Аргентинецот за „Тутоспор“.

Во меѓувреме, Јувентус-Атлетико Мадрид се играат во вторник и Дибала не е сигурна за местото во составот, со оглед дека Роналдо ќе се врати и дека Игуаин има одличен момент.

Број 10 на „Бјанконерите“ ја „грее“ клупата, како што честопати се случуваше оваа сезона во Лигата на шампионите, но кога ќе биде на теренот (само еден натпревар во Москва против Локомотив), тој реагира со дабл.

„Атлетико е како Аталанта, борбена екипа и многу добро знаеме како да се соочиме со нив. Сепак, тоа ќе биде поразлично од играта што ја игравме во Бергамо. Во вторник играме на домашен терен, пред нашите наивачи, а тоа е предност за нас“, рече Дибала

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.