SportM
Фудбал

Дибала поради жолти картони нема да игра против Милан

Д М4 јул 2020
Дибала поради жолти картони нема да игра против Милан

Одличниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала, на денешниот натпревар против торино заработи жолт картон.

Поради акумулирање на жолти картони, Дибала нема да игра на напреварот од 31. коло против Милан.

Фудбалерот доби жолт картон на денешниот натпревар од 30-то коло од Серија А против Торино. На овој меч Дибала постигна гол, а Јувентус победи со 3:1.

Дваесет и шестгодишниот играч има одиграно 40 натпревари оваа сезона за „старата дама“ и постигна 13 голови со 13 асистенции.

Исто така поради жолти картони, дефанзивецот на торинскиот клуб Матијас де Лихт ќе ја пропушти средбата со Милан.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.