SportM
Фудбал

„Диего ми пријде и рече дека мора да го постигне голот на векот… (ВИДЕО)

Д М27 ное 2020
„Диего ми пријде и рече дека мора да го постигне голот на векот… (ВИДЕО)

Синоќа беше погребан Диего Армандо Марадона, а зад славниот Аргентинец остануваат многу спомени.

Марадона е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Ќе остане запаметен и по низа контроверзни ситуации, од кои најконтроверзен е голот против Англија на СП 1986 во Мексико.

На тој натпревар, Диего ги собори Англичаните со два гола. Прво со голот „Божја рака“, која во овие денови на ВАР сигурно ќе беше поништен погодок, а потоа ги надигра сите англиски играчи и постигна гол.

Судијата од тој натпревар Паоло Казарин за Скај Спорт изјави анегдота со Диего, кој му се приближи по натпреварот и рече дека „мора да го постигне голот на векот“.

“Морам да ти кажам нешто за Диего. Кога го постигна вториот гол, откако претходно предрибла голем број англиски играчи, тој се приближи до мене и само ми рече: “Морав да постигнам таков гол затоа што првиот не беше во ред. “Тоа беше Диего, вистинскиот Диего “, рече Казарин.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.