Диктаторски потег на Мбапе откако доби поголеми овластувања во ПСЖ!

Странските медиуми пишуваат за неверојатното барање на Килијан Мбапе откако го продолжи договорот со ПСЖ.
Мбапе наводно сака дури 14 луѓе да го напуштат францускиот клуб, вклучувајќи ги тренерот Маурисио Покетино и напаѓачот Нејмар.
Французинот неодамна ја продолжи верноста кон ПСЖ со тоа што во последен момент го одби Реал Мадрид и потпиша нов договор вреден 750.000 евра неделно.
Потпишувањето на новиот договор ќе значи дека Мбапе добил поголеми овластувања, а се чини дека почнал да се однесува како диктатор.
Дејли Мејл денеска пишува дека 23-годишникот бара масовна чистка од Паркот на принцовите, а први се Покетино и Нејмар.
Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Андер Ерера, Идриса Гује, Леандро Паредес и Тило Керер се исто така играчи чие заминување бара француската суперѕвезда.
Наводно, на списокот за „стрелање“ се уште се Данило Переира, Лајвин Курзава, Пабло Сарабија, Хуан Бернат и Колин Дагба.



