SportM
Фудбал

Динамо без нова сензација: Милан без проблеми до победа на Сан Сиро

Д М14 сеп 2022
Динамо без нова сензација: Милан без проблеми до победа на Сан Сиро

Во 2. коло од Лигата на шампионите на Сан Сиро, Милан го победи Динамо Загреб со резултат 3:1.

Загрепскиот клуб многу храбро влезе во овој натпревар. Нив ги понесе победата против Челзи во првото коло и се претставија доста добро во првиот дел од натпреварот.

До крајот на првото полувреме Росонерите не можеа многу, а потоа Јосип Шутало направи пенал над Леа. Оливие Жиру ја презема одговорноста и погодува за 1:0 во 45. минута.

Динамо во невреме го прима вториот гол. Само што започна второто полувреме, поточно во 47. минута Леао со убава топка го наоѓа Алексис Саелемакерс и погодува за 2:0.

Динамо не се предаде на овој натпревар и постигна гол во 56. минута. Мислав Оршиќ погодува за 2:1 и продолжува со голови во Лигата на шампионите.

Сепак, хрватскиот шампион не можеше многу да направи во преостанатиот дел од мечот. Милан ги реши сите дилеми околу победникот во 77. минута кога по одличен потег Побега ја закова топката зад Ливаковиќ за предност од 3:1.

Разликата можеше да биде поголема. Милан постојано напаѓаше на голот, но резултатот не се менуваше и остана 3:1.

Росонерите по две кола водат на табелата во групата Е од Лигата на шампионите. Освоија четири бода, Динамо има три, а нешто подоцна својот меч ќе го одиграат Салцбург и Челзи.

Во следното коло Милан патува во Лондон против Челзи, додека Динамо гостува кај австрискиот шампион.

Треба да се напомене дека претходно во Варшава се одигра и натпреварот од групата Ф. Украински Шахтјор во Варшава го пречека Селтик, а натпреварот заврши со резултат 1:1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.