Директорот на Дортмунд зборуваше за судбината на Ерлинг Халанд

Директорот на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, првпат зборуваше во јавноста, во врска со судбината на Ерлинг Халанд.
Многу се пишува во светските медиуми за трансферот на Халанд. Како главен фаворит се споменува Барселона, а според Кел, одличниот Норвежанец останува жител на Дортмунд и следната сезона.
“Халанд ќе игра за Борусија Дортмунд и во новата сезона. Зборував со Ерлинг. Тој го сака овој клуб, тој е сè уште млад и има време за неговиот чекор напред”, рече Кел.
Норвежанецот е најдобар стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона со 10 погодоци, а на 38 натпревари има постигнато 37 погодоци во сите натпреварувања.
За Халанд се споменваат бројки до 130 до 150 милиони евра. И ПСЖ, Сити, Реал тропнаа на вратата, но се чини дека навивачите на Борусија можат да здивнат.
Од друга страна, некои медиуми пишуваат дека Кел сака само да ја спушти топката пред летото и дека ова е затишје пред невремето.
Челниците на германскиот клуб се лути на менаџерот Раиол, кој без нивно знаење разговараше со Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул и тоа е една од причините зошто можеби нема да има трансфер ова лето.
Германските медиуми објавија дека Раиола им рекол на челниците на Дортмунд дека е попаметно да го пуштат Халанд ова лето отколку да чекаат на крајот на следната сезона кога ќе подготви одмазда. Тој, наводно, го предупредил Дортмунд дека следното лето намерно ќе го продаде Халанд на нивниот најголем ривал Баерн, доколку не го ослободат на крајот од оваа сезона.
Не би било првпат играч на Дортмунд да замине во Баерн затоа што тоа го направија Роберт Левандовски, Матс Хумелс и Марио Гоеце во претходните години, што навивачите на овој клуб воопшто не им се допаднаа.
Халанд е напаѓач кој воодушеви со своите игри и јасно е зошто Дортмунд не сака да го пушти толку лесно.



