SportM
Фудбал

Доаѓањето на Анчелоти во Реал значи само една работа за Јовиќ

Д М3 јун 2021
Доаѓањето на Анчелоти во Реал значи само една работа за Јовиќ

По ненадејното заминување на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го презеде кормилото.

Тоа ќе биде втор мандат за прославениот италијански стручњак во Мадрид.

Анчелоти го водеше Реал Мадрид од 2013 до 2015 година и во тој период со Кралевите ги освои Копа дел Реј, Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот. На 119 натпревари славеше на 89 од нив, додека беше поразен 16 пати и ремизираше 14 пати водејќи ги мадридските гиганти.

Италијанецот веќе започна да го спрема тимот за следната сезона. Мадрид ќе мора да остави простор во буџетот за да ги исполни желбите на Анчелоти, така што порталот Ел Чигингито ТВ објави дека први на списокот што ќе заминат ќе бидат играчи кои се на заем низ цела Европа, а меѓу нив е и Лука Јовиќ.

Српскиот напаѓач, благо речено, потфрли во првиот мандат во Реал, за кој постигна само два гола на 32 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.