SportM
Фудбал

Добри вести за Барса: Педри подготвен за дербито со Сосиедад

Д М3 ное 2023
Добри вести за Барса: Педри подготвен за дербито со Сосиедад

Фото: Barcelona’s Pedri celebrates after he scored during the final of the Spanish Super Cup between Barcelona and Real Madrid in Riyadh, Saudi Arabia, Sunday, Jan. 16, 2023. (AP Photo/Hussein Malla)

Младиот фудбалер на Барселона, Педри, се опорави од повредата и е подготвен за настап против Реал Сосиедад.

Каталонците потврдија дека 20-годишниот играч за врска се опорави од повредата на квадрицепсите и му се става на располагање на тренерот Чави Ернандез.

Педри се повреди на тренинг во август и беше надвор од терените месец и половина.

Сезонава одигра само два натпревари во Примера и постигна гол во победата од 2:0 над Кадиз.

Минатата сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, 26 во Примера и постигна седум гола.

Дербито на 12. коло на Примера е закажано за в сабота од 21 часот во Сан Себастијан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.