Connect with us

Фудбал

Добри вести за Клоп: Мане ќе биде во тимот против Арсенал

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане не е сериозно повреден и ќе биде подготвен да ја продолжи сезоната, почнувајќи од натпреварот со Арсенал овој викенд.

Мане при настапот за Сенегал во квалификациите за СП 2022 во Катар доби незгоден удар во ребрата, но се покажа дека тоа нема да го одвои уште долго од теренот.

Брзоногиот крилен напаѓач веќе започна со тренинзи и е на располагање на менаџерот Јирген Клоп.

Ова е исклучително добра вест за „црвените“, кои во последно време имаат големи проблеми со повредени играчи. Во моментов надвор од тимот се Џо Гомез, Кертис Џонс, Харви Елиот, Роберто Фирмино и Наби Кеита, а на повреди се пожалија и Џордан Хендерсон и Енди Робертсон.

Во пресрет на мечот со Арсенал, во 12. коло од Премиер лигата, „црвените“ се четврти на табелата со 22 бода, четири помалку од лидерот Челзи.

Реклама

Facebook

Реклама